Православен календар

Светиот свештеномаченик Полихрониј, епископ Вавилонски

30 јули (по стар стил)

Кога го освои Вавилон, царот Декиј го фати Полихрониј со тројца презвитери, двајца ѓакони и двајцата покрстени кнезови: Авдон и Сенис. Полихрониј не сакаше ништо да му одговара на царот, туку само молчеше, додека презвитерот Пармениј одговараше за сите. Царот ги одведе епископот и свештениците во Персија, во градот Кордова и ги уби со секира. А кнезовите, Евдон и Сенис, ги одведе со себе во Рим и таму прво ги фрли пред ѕверови, а потоа ги погуби со меч. Сите пострадаа чесно, во 251 година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
19
стар
стил
Април
2
Мај
нов
стил
Чет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Четврток
на Тајната Вечера
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога човек е предаден на страстите, тој не ги гледа во себе си и не се одделува од нив, затоа што живее во нив и преку нив. Но кога на него ќе подејствува благодатта Божја, тој почнува да го разликува во себе страстното и гревовното, признава, се кае и решава да се воздржува од него. Започнува внатрешна борба. Отпрвин таа борба се води против делата, а кога човекот ќе се одвикне од лошите дела - тогаш започнува борба со лошите мисли и чувства. И тука таа поминува низ многу степени... Борбата трае, страстите сè повеќе и повеќе се искоренуваат од срцето, се случува дури и целосно да бидат искоренети... Знак дека страста е искоренета од срцето е чувствувањето на одвратност и омраза кон страста.

Св. Теофан Затворник
Како оди духовниот живот

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк