Православен календар

Свети Мартин Исповедник папа Римски

14 април (по стар стил)

Во времето на јаросната расправа на православните со еретиците монотелити, на 5 јули 649 година, свети Мартин беше посветен за папа. Тогаш царуваше Констанс II, внукот на Ираклиј, а цариградски патријарх беше Павле. Со цел да се воспостави мир во Црквата самиот цар го напиша списот „Гипос“, којашто многу им угодуваше на еретиците. Папата Мартин свика собор од сто и петмина епископи, на којшто овој царев спис беше осуден. Во исто време папата му напиша писмо на патријархот Павле, молејќи го да ја држи чистата православна вера и да го посоветува царот да ги остави еретичките мудрувања. Ова писмо ги разлути и патријархот и царот. Затоа царот испрати во Рим еден војвода Олимпиј, за да го доведе римскиот папа врзан во Цариград. Војводата не се дрзна да го врзе папата, туку наговори еден војник да го убие со меч в црква. Но, кога влезе војникот со скриениот меч во црквата, одеднаш ослепе. И со Божјата Промисла Мартин ја избегна смртта. Во она време пак, Сарацените напаѓаа на Сицилија и војводата Олимпиј замина за Сицилија и таму умре. Тогаш со сплетка на патријархот-еретик Павле, царот испрати друг војвода, Теодор, за да го врзе и да го доведе папата под обвинение дека тој, папата, стои во дослух со Сарацените и дека не Ја почитува Пресвета Богородица. Кога војводата стаса во Рим и го прочита обвинението против папата, овој одговори дека тоа е клевета, дека самиот нема никаква заедница со Сарацените коишто се противници на христијанството, „а оној што не ја почитува Пречиста Богородица и не ја исповеда и не и се поклонува, да биде проклет и на овој и на оној век“. Ова не ја измени одлуката на војводата. Тој го доведе папата врзан во Цариград, а таму свети Мартин мошне болен лежеше во затвор, мачен и исцрпуван со глад, додека најпосле не го осудија на прогонство во Херсон, каде што поживеа две години и издивна заради Господ во 655 година. Две години пред него умре во покајание Павле. И кога царот го посети пред смртта, тој ја заврте главата на другата страна и заплака исповедајќи дека многу грешеше против папата Мартин. Пред смртта Павле го молеше царот да го ослободи светиот папа Мартин.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
21
стар
стил
Април
4
Мај
нов
стил
Саб., Страстна седм. Строг пост.
Велика Сабота
слегувањето во адот на Господа Христа
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога ние живееме со Христа? Тогаш кога живееме согласно со Неговото Евангелие и во Неговата Црква. Во Црквата не е само Неговото Евангелие, но и Самиот Он, со сите Негови совршенства и добродетели. Црквата е вечно живо Тело на Богочовекот Христос... Во неа влегуваат преку светите таинства, и во неа пребиваат преку светите добродетели... Нашиот Господ Исус Христос непрекинато присуствува во овој свет со Црквата. Он е и со секој член од Црквата во сите векови... Он ни се дава целосно во Црквата и постојано за да можеме да живееме во овој свет како што Он живеел.

Преп. Јустин Поповиќ
Толкување на 1Јн. 4,9, 17.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк