Православен календар

Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив

10 април (по стар стил)

Пострадаа за Христа и стекнаа венци на бесмртна слава во времето на царот Декиј. На заповед од царот, намесникот на Африка му објави на сиот народ дека мора да им принесуваат жртви на идолите. Во спротивно, им се закануваа со страшно мачење. Кога ги слушнаа овие закани мнозина отпаднаа од верата и им се поклонија на идолите. Но, овие четириесетмина маченици останаа непоколебливи, заради што беа изложени на мачење. Свети Теренциј ги храбреше своите другари со вакви зборови: „Да внимаваме, браќа, да не се откажеме од Христа, нашиот Бог, за и Тој да не се одрече од нас пред Својот Отец небесен и пред Светите ангели!“ Намесникот ги раздели во две групи: триесет и шестемина после биењето и стружењето и потурањето со сол врз отворените рани ги уби со меч. А првите четворица ги фрли во затвор со тешки окови на вратот, на рацете и на нозете. Но ангел Божји им се јави во затворот и со допир ги ослободи од оковите. Беа повторно изведени и мачени, па повторно фрлени во затворот. Намесникот им нареди на гатачите да соберат што поголем број влекачи, змии и скорпии и да ги затворат во иста одаја со мачениците. Но, влекачите не сакаа ни да се допрат до Божјите угодници, туку се прибија во еден агол и така прележаа три дена. Кога третиот ден го отворија затворот, отровните животни јурнаа по гатачите и ги искасаа. Најпосле намесникот ја изрече смртната пресуда над четворицата маченици. Кога ги водеа на погубување тие радосно пееја псалми и Го фалеа Бога Којшто ги удостои со маченичка смрт. Чесно пострадаа и се удостоија со Небесното Царство во 250 година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
20
стар
стил
Април
3
Мај
нов
стил
Пет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Петок
на Светите Христови Страдања
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога започнуваш да го читаш или да го слушаш Светото Писмо помоли Му се на Бога вака: „Господе Исусе Христе отвори ги ушите и очите на моето срце за да ги чујам Твоите зборови и да ги разберам, и да ја исполнам волјата Твоја.“ Секогаш така моли Му се на Бога за да го просветли твојот ум и да ти ја открие силата на Своите зборови. Многумина кои се надевале на својот разум паднале во заблуда.

Преп. Ефрем Сирин

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк