Православен календар

Преподобен Тит Чудотворец

2 април (по стар стил)

Од младоста Го возљуби Христа и го замрази овој суетен свет. Заради тоа го остави светот, отиде во манастир и прими ангелски образ. Не жалејќи се себеси, се предаде на скрбен и тесен монашки пат. Преку големо трпение ги стекна двете основни добродетели: послушанието и смирението и со нив ги надмина „не само браќата туку и сите луѓе“. Од младоста ја зачува чистотата на душата и телото. Во времето на иконоборната ерес се покажа како непоколеблив столб на Божјата Црква. Заради неговото големо смирение и чистота, Бог му даде дар на чудотворство и за време на животот и по смртта. А кога се пресели кај Господа, остави многубројни ученици зад себе. Се претстави во 9 век.

Сподели на твитер
днсАприл 2026
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Април
18
Април
нов
стил
Саб., Светла седм. Не се пости.
Мч-ци Агатопод и други со него (303); Преп. Теодора Солунска (892)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Христијани, секогаш радувајте се, бидејќи злото, смртта, гревот, ѓаволот и адот се победени од страна на Христос. А кога сето тоа е победено, има ли во светот нешто што е способно да ја уништи нашата радост? Вие сте господа на таа вечна радост сè дури не му се предадете на гревот. Радоста кипе во нашите срца од Неговата вистина, љубов, Воскресение, од Црквата и Неговите светии. Радост кипе во нашите срца од мачењата за Него, од исмејувањата поради Него и смртта заради Него, бидејќи тие мачења ги запишуваат нашите имиња на небесата. На земјата не постои вистинска радост без победата над смртта, а победата над смртта не постои без Воскресението, а Воскресението - без Христа. Воскреснатиот Богочовек Христос, Основачот на Црквата, непрестано ја излева таа радост во душите на Своите следбеници преку Светите Таинства и добродетели... Нашата вера е наполнета со таа вечна радост, бидејќи радоста на верата во Христа е единствената вистинска радост за човекот.

Преп. Јустин Поповиќ
Толкување на 1Сол. 5

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк