Православен календар

Света Лидија Македонска

27 март (по стар стил)

Света Лидија е родена во Тијатир, денешен Ак-Хисар, во Мала Азија, во првиот век. А во она време градот Тијатир беше познат по бојаџилниците. Па и оваа богобојазлива Лидија, како што се нарекува во Делата Апостолски (16, 14), беше продавачка на пурпурни ткаенини и бои, кога го чу Евангелието и стана прв човек во Филипи, во Македонија и во Европа, кого светиот апостол Павле го обрати во верата. За своето доаѓање во Македонија првиот проповедник на Евангелието за незнабожците беше поттикнат од Светиот Дух во видение. Бидејќи, кога апостолот и браќата што беа со него дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија, Духот Свети не ги пушти. И кога ја напуштија Мизија, слегоа во Троада. Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: ’Премини во Македонија и помогни ни!’ (Дела 16, 7–9). Надвор од градот Филипи при една река, сведочат апостолите во Делата Апостолски, беше едно место каде што доаѓаа од градот оние што имаа обичај да се молат. Меѓу таму насобраните жени Господ ѝ го отвори срцето на богобојазливата Лидија да внимава на зборовите Павлови. А кога се крсти таа и целиот нејзин дом, ги молеше кај неа да живеат Павле и оние што го придружуваа (апостолите Сила и Тимотеј), велејќи: „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа.” (Дела 16, 15). Според преданието, Лидија станала ѓакониса во Филипи, а нејзиниот дом бил претворен во дом за молитва, односно во црква, и тоа е првата христијанска црква на тлото на Европа.

Сподели на твитер
днсЈули 2024
П118
В219
С320
Ч421
П522
С623
Н724
П825
В926
С1027
Ч1128
П1229
С1330
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
14
стар
стил
Јули
27
Јули
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Ап. од 70-те Акила (I); Преп. Никодим Агиорит (1808)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Украсувај се себеси со правда, труди се секому да му ја говориш вистината и не ја потврдувај лагата, кој и да го бара тоа од тебе. Ако ја кажеш вистината и со тоа се изложиш на нечиј гнев, не жали поради тоа, но утешувај се со зборовите Господови: блажени се гонетите поради правда, бидејќи нивно е Царството Небесно.

Св. Генадиј Константинополски
Златна алка, 26, 29

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк