Православен календар

Благовештение

25 март (по стар стил)

Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето - значи кога стапи во петнаесеттата година од животот - свештениците и соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше големо изненадување за тамошните свештеници. Изјави дека таа себеси Му се посветила на Бога и не сака да стапува во брак со никого. По Божја Промисла и вдахновение тогаш првосвештеникот Захарија, татко на свети Јован Крстител, се договори со другите свештеници, собра дванаесет вдовци од Давидовото племе за да пронајдат еден на когошто би му ја довериле Дева Марија како на оној кој ќе ја чува нејзината девственост и ќе се грижи за неа. Му ја доверија на стариот Јосиф од Назарет, којшто ѝ беше роднина. Во домот Јосифов Пресветата Дева продолжи да живее исто како во Соломоновиот храм, минувајќи го времето во читање на Светото Писмо, во богомислие и ракоделие. Од дома не излегуваше речиси никогаш, ниту се интересираше за светските работи и настани. Малку зборуваше со кој било и никогаш без особена потреба. Најчесто општеше со ќерките на Јосиф. Но, кога се исполни времето означено со пророштвото на Даниил и кога Бог благоволи да го исполни ветувањето што му го даде на прогонетиот Адам и на Пророците, на Пресветата Дева ѝ се јави во одајата великиот архангел Гавриил, а некои свештеници пишуваа дека во оној миг таа го имала пред себе отворено пророштвото на Исаија кој вели: „Ете, девојка ќе зачне и ќе роди син!“ Гавриил ѝ се јави во архангелска светлина и ѝ рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!“ И сè друго, како што пишува во Евангелието на Божествениот Лука. Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. А историјата на Новиот Завет ќе значи радост за човештвото и за сета твар.

Сподели на твитер
днсОктомври 2024
В118
С219
Ч320
П421
С522
Н623
П724
В825
С926
Ч1027
П1128
С1229
Н1330
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Ч3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
26
стар
стил
Септември
9
Октомври
нов
стил
Среда. Пост.
+Упокоение на апостолот и евангелист Јован Богослов (II)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Некој човек постојано грешел, но потоа се каел – и така цел живот. На крајот се покајал и умрел. Злиот дух дошол по неговата душа и рекол: „Тој е мој.“ А Господ рекол: „Ако ти, кој си зол, повторно си го примал кај себе откако тој пред Мене се каел, како Јас да не го примам откако после паѓањето во грев повторно Ми се обраќаше со покајание?“

Преп. Амвросиј Оптински

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк