Православен календар

Преподобниот маченик Ефтимиј

22 март (по стар стил)

Роден во селото Димицани на Пелопонез. Како момче живееше христијански, но подоцна отиде во Романија и таму се предаде на голем разврат. Сред тој разврат злиот дух го наведе да се потурчи. Но, штом направи така веднаш почна горко да се кае. Повторно се врати во Христовата вера и се замонаши на Света Гора. По неколку години поминати во тежок пост и молитва реши да умре за Христа. Со благослов на неговиот духовник замина за Цариград, каде што некако успеа да излезе пред великиот везир. Пред везирот почна да се крсти, да Го фали Христа и да го навредува Мухамед. После долги и тешки маки го осудија на смрт и го убија на 22 март 1814 година на Цветници. Од неговите мошти се случија многу чудесни исцеленија на болни. Неговата чесна глава се наоѓа во рускиот манастир на свети Пантелејмон на Света Гора.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Август
17
Август
нов
стил
Пон., Успенски пост. Строг пост.
Св. 7 маченици младенци во Ефес
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кажувај му сè на духовникот и тогаш Господ ќе те помилува и ќе ја избегнеш прелеста. А ако помислиш дека во духовниот живот ти знаеш повеќе од духовникот и престанеш на исповед да му говориш што ти се случува, тогаш за таа гордост неизоставно ќе ти се допушти некаква прелест – за да се вразумиш.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XVII.13

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк