Православен календар

Светите маченици Хрисант и Дарија и другите со нив

19 март (по стар стил)

Хрисант беше син единец на еден велик бојарин, Полемиј, којшто од Александрија се пресели во Рим. Како син на богати родители Хрисант ги изучи разните светски школи, а ги имаше за учители најучените луѓе. Но, светската мудрост го збуни и го остави во неизвесност околу прашањето што е вистина. И тој тагуваше заради ова. A Бог Кој промислува за сите и за сè ја ублажи неговата тага: до рацете на младичот Хрисант дојдоа Евангелието и Делата Апостолски. Кога ги прочита се просветли со Вистината. Бараше учител и го најде во лицето на еден свештеник Карпофор, којшто го поучи и го крсти. Ова не му се допадна на Хрисантовиот татко кој презеде сè за да го одврати од Христовата вера. Откако не успеа, злобниот татко најпрво се обиде да го разврати, па го затвори младиот човек сам со бесрамни девојки. Хрисант се победи самиот себеси во ова и се одржа во чистота. Тогаш татко му го присили да се ожени со незнабожечката девојка Дарија. Хрисант ја поучи Дарија и таа ја прими Христовата вера и живееја заедно како брат и сестра, во привиден брак. Кога умре татко му, Хрисант почна слободно да Го исповеда Христа и да живее според Неговите заповеди, тој и сиот негов дом. Во времето на царот Нумеријан тој и Дарија беа страшно мачени за верата. Но, и самиот мачител Клавдиј, кога го виде трпението на овие маченици и чудата што се пројавија при нивното мачење, ја прими Христовата вера заедно со целиот свој дом. Затоа и него го потопија во вода, обајцата синови му ги заклаа, а жена му откако се помоли на губилиштето издивна. Дарија беше толку истрајна во маките што незнабожците викаа: „Дарија е божица!“ Најпосле Хрисант и Дарија беа каменувани во еден длабок ров. На тоа место подоцна беше подигната црква. Близу ровот имаше една пештера во која еднаш христијаните се собраа на литургија во спомен на светите маченици Хрисант и Дарија. Кога дознаа за ова незнабожците навалија и ја затворија пештерата, во која ги натераа во смрт дојдените христијани, а тие со ова се преселија во блажениот живот. Славните маченици Хрисант и Дарија и останатите што загинаа со нив, меѓу нив беше и еден свештеник Диодор и ѓаконот Маријан, пострадаа за Христа во Рим, во 283 и 284 година.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Мај
16
Мај
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Тимотеј и Мавра (286); +Преп. Теодосиј Киево-Печерски (1074)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Никој не може да ја почувствува својата немоќ ако на него не биде допуштено барем мало искушение што ќе го заморува или телото или душата. Тогаш, ќе може да ја спореди својата немоќ со Божјата помош, и ќе го познае величието на Божјата помош. А оној којшто дознал дека има потреба од Божјата помош, тој прави многу молитви. И во онаа мера во која ги умножува, во таа мера се смирува неговото срце.

Преп. Исаак Сирин
Поуки, 61

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк