Православен календар

Свети Кипријан, митрополит Киевски

16 септември (по стар стил)

Родум од Трново, но воспитаник на Атон. Се бавеше особено со преведување и препишување книги. Покровител му беше Филотеј, Патријархот Цариградски, кој кога го запозна на Света Гора, го зеде кај себе и потоа го испрати за митрополит во Киев. Како митрополит претрпе големи неволји, но сите ги поднесе благодушно и со својата плодотворна работа многу ѝ користеше на Руската Црква. Во митрополитскиот чин помина речиси триесет и шест години. Пред смртта напиша едно проштално слово, кое го прочитаа на неговиот гроб. Се упокои на 16 септември 1406 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во Успенската црква во Москва.

Сподели на твитер
днсСептември 2021
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
8
стар
стил
Септември
21
Септември
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Рождество на Пресвета Богородица
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако човек нема воопшто никакви грижи за себеси, заради љубовта кон Бога и добродетелните дела, знаејќи дека Бог ќе се погрижи за него, тогаш таквата надеж е вистинска и мудра. А ако човек сам се грижи за своите работи, а се обраќа со молитва кон Бога само кога ќе му се случи неволја со која тој не е силен да се справи, и дури тогаш почнува да се надева на Бога, тогаш таквата надеж е пуста и лажна. Вистинската надеж го сака само Царството Божјо... Срцето не може да има мир додека не стекне таква надеж. Таа ќе го смири и ќе влее во него радост

Преп. Серафим Саровски
Поуки, 4.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк