Православен календар

Светиот маченик Никита

15 септември (по стар стил)

Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога готскиот кнез Атанарик почна да ги прогонува христијаните, тогаш свети Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита сè посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше иконата на Пресвета Богородица со предвечниот Младенец Христос, во став на стоење кога во рацете го држи Својот крст. Никита ја носеше оваа икона бидејќи Пресвета Богородица му се јави и го утеши. Најпосле мачителот го фрли Христовиот војник во оган, во кој маченикот издивна, но неговото тело остана неповредено од огнот. Неговиот другар, Маријан, го пренесе телото од Готската земја (Влашка и Бесарабија) во Киликија во градот Мопсуест, каде му изгради црква на свети Никита и неговите чудотворни мошти ги положи во таа црква. Свети Никита пострада и се прослави во 372 година.

Сподели на твитер
днсОктомври 2023
Н118
П219
В320
С421
Ч522
П623
С724
Н825
П926
В1027
С1128
Ч1229
П1330
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Септември
5
Октомври
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Прор. Јона (VIII п.Х.), Свмч. Фока, еп. Синопски (117)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Бог ги слуша и ги исполнува молитвите на човекот кога тој ги исполнува Неговите заповеди. „Слушај Го Бога во Неговите заповеди, - вели свети Јован Златоуст, - за и Он да ги слушне твоите молитви.“ Човекот кој ги запазува заповедите Божји секогаш е мудар, трпелив и искрен во своите молитви. Тајната на молитвата се состои во запазувањето на заповедите Божји.

Преп. Јустин Поповиќ
Толкување на 1Јн.3,22

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк