Православен календар

Преподобниот маченик Макариј Солунски

14 септември (по стар стил)

Ученик на светиот патријарх Нифонт, во времето кога овој пребиваше во подвиг на безмолвие во манастирот Ватопед. Макариј жеднееше по мачеништво заради Христа и испроси благослов од свети Нифонт за тоа. Патријархот беше прозорлив и виде дека тоа ѝ е угодно на Божјата волја, па му го благослови маченичкиот подвиг. Макариј отиде во Солун и сред една толпа Турци почна да зборува за Христос како за единствен вистинит Бог. Турците го натепаа и го фрлија во затвор. Кога го изведоа на суд, Макариј им викна на Турците: „О, кога вие би ја познале вистината и би се крстиле во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!“ Турците му ја отсекоа главата во 1527 година. Во тој миг свети Нифонт со духот го виде од Ватопед и му објави на еден монах: „Знај, чедо, дека твојот брат Макариј денес заврши маченички и дека се вознесува на небото торжествувајќи и радувајќи се во Господа.“ По неговите молитви и ние да се удостоиме со блаженство.

Сподели на твитер
днсСептември 2023
П119
С220
Н321
П422
В523
С624
Ч725
П826
С927
Н1028
П1129
В1230
С1331
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
10
стар
стил
Септември
23
Септември
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Св. маченички Минодора, Митродора и Нимфодора (311)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Како што оган со оган не се гаси, така и гневот со гнев не се победува, туку уште повеќе се распалува. А со кротоста често и најсвирепите непријатели се придобиваат, смекнуваат и се примируваат.

Св. Тихон Задонски.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк