Православен календар

Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил

6 септември (по стар стил)

Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) недалеку од Јерапол; и на тоа место извор со чудотворна вода. Кога Светиот апостол Јован Богослов со Филип го проповедаше Евангелието во Јерапол, тој погледна на она место и прорече дека таму ќе се отвори извор на чудотворна вода од која многумина ќе добијат исцеление и дека тоа место ќе го посети великиот Божји Архистратиг Михаил. Наскоро потоа, ова пророштво се исполни, се отвори извор кој заради својата чудесна сила се прочу на сите страни. Еден незнабожец во Лаодикија имаше нема ќерка и заради ова беше во голема тага. Но, во сон му се јави Архангелот Михаил и го упати да ја води својата нема ќерка на изворот, каде што ќе оздрави. Таткото веднаш послуша, ја одведе ќерката и кај водата затекна многуброен народ, кој на изворот си бараше спасение од разни маки. Тие сите беа христијани. Тогаш човекот ги праша како треба да бара исцеление, а христијаните му рекоа: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух треба да го молиш светиот Архангел Михаил.“ Оној човек направи така, се помоли и ја напои ќерка си од водата, а потоа девојката почна да зборува. Тогаш тој човек незнабожец се крсти заедно со сиот свој дом, а крај изворот му изгради црква на Светиот Архангел Михаил. Подоцна на тоа место се насели едно момченце по име Архип и таму се подвизуваше во строг подвиг на пост и молитва. Незнабошците многу му пакостеа, зашто не им беше по волја тоа што од христијанската светост исходи толкава сила и привлекува многуброен народ. Па во својата злоба тие ја навртеа блиската река за да ги потопи црквата и изворот. Меѓутоа, откако Архип се помоли, повторно се јави светиот Архангел и во карпата покрај црквата отвори расцеп којшто ја прими сета навртена река. Така она место се спаси и се нарече Хони („нурнување“) затоа што реката се нурна во отворената бездна. Свети Архип се подвизуваше тука седумдесет години и се упокои мирно во Господа.

Сподели на твитер
днсФевруари 2026
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Без месоБез месо
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Февруари
18
Февруари
нов
стил
Среда. Без месо.
Мц. Агатија (251); Св. Теодосиј, архиеп. Черниговски (1696)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Христијани, секогаш радувајте се, бидејќи злото, смртта, гревот, ѓаволот и адот се победени од страна на Христос. А кога сето тоа е победено, има ли во светот нешто што е способно да ја уништи нашата радост? Вие сте господа на таа вечна радост сè дури не му се предадете на гревот. Радоста кипе во нашите срца од Неговата вистина, љубов, Воскресение, од Црквата и Неговите светии. Радост кипе во нашите срца од мачењата за Него, од исмејувањата поради Него и смртта заради Него, бидејќи тие мачења ги запишуваат нашите имиња на небесата. На земјата не постои вистинска радост без победата над смртта, а победата над смртта не постои без Воскресението, а Воскресението - без Христа. Воскреснатиот Богочовек Христос, Основачот на Црквата, непрестано ја излева таа радост во душите на Своите следбеници преку Светите Таинства и добродетели... Нашата вера е наполнета со таа вечна радост, бидејќи радоста на верата во Христа е единствената вистинска радост за човекот.

Преп. Јустин Поповиќ
Толкување на 1Сол. 5

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк