Православен календар

Светиот свештеномаченик Антим

3 септември (по стар стил)

Роден е во Никомидија и од детството воспитан како вистински христијанин. Телото му беше умртвено, духот смирен, зависта искоренета, гневот скротен, мрзливоста протерана, имаше љубов кон сите, мир со сите, благоразумност во сè, ревност кон славата Божја, јавна за сите. Не е чудо што човек со такви добродетели беше поставен за епископ. Свети Антим епископствуваше во Никомидија во времето на жестокото гонење на христијаните под свирепите цареви Диоклецијан и Максимијан. Особено во Никомидија христијанската крв се лееше во потоци. Една година на денот на Христовото Рождество во еден храм беа изгорени дваесет илјади маченици (види под 10 јануари). Тоа се случи во времето на архијерејството на Антим. Но, гонењето не заврши со тоа, туку продолжи, па мнозина христијани беа фрлени во затвор и така чувани за маки и убивање. Светиот Антим се оддалечи во едно село, Оман, не за да ѝ побегне на смртта, туку за да може оттаму да го храбри своето стадо во подвигот на мачеништвото, за никој да не отпадне заради страв. Едно од неговите писма до христијаните во затворот беше фатено и предадено на царот Максимијан. Царот испрати дваесет војници да го фатат и да го доведат Антим. Белокосиот прозорлив старец им излезе во пресрет на војниците, ги воведе во својот дом и ги нагости, па дури потоа им кажа дека тој самиот е Антим когошто тие го бараат. Восхитени од неговата добрина војниците му предлагаа да се скрие, а тие да му речат на царот дека не можеле да го најдат. Но, Антим им одговори дека тој не смее да дозволи со лага да се престапува заповедта Божја и да се спасува неговиот живот, туку појде со нив. Патем, војниците поверуваа во Христа и примија крштение од овој епископ. Изведен пред царот Свети Антим баше долго и жестоко измачуван, а најпосле го исекоа со секира. Го прослави Господа и се упокои во Него, во почетокот од 4 век.

Сподели на твитер
днсМарт 2023
С116
Ч217
П318
С419
Н520
П621
В722
С823
Ч924
П1025
С1126
Н1227
П1328
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
18
стар
стил
Март
31
Март
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
Св. Кирил. архиеп. Јерусалимски (386)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ве молам обидете се. Ако некој ве жалости, или ве бесчести, или зема нешто ваше, тогаш молете се вака: „Господе, сите ние сме Твои созданија; сожали се на Твоите слуги и обрати ги кон покајание“, па ќе ја почувствувате во вашата душа благодатта. Принуди го твоето срце да ги љуби своите непријатели и Господ, кога ќе ја види твојата желба, ќе ти помогне во сè, и Самиот ќе те поучи. А оној што лошо мисли за своите непријатели, во него нема љубов Божја и таквиот не Го познал Бога.

Преп. Силуан Атонски. Списи. IX. 21

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк