Православен календар

Свети Јован Постник, патријарх Цариградски

2 септември (по стар стил)

Се празнува и на 12 септември. Најпрво беше златар, па по Божја Промисла, а заради својата голема добродетелност, беше посветен за свештеник. Како млад, свети Јован еднаш одеше со некој стар монах, Евсевиј, од Палестина. Одеднаш му дојде глас на Евсевиј од некој невидлив: „Авво, не оди од десната страна на великиот Јован!“ Вака гласот Божји ја навестуваше големата служба на која Јован наскоро требаше да биде повикан. По блажениот Евтихиј, Јован беше избран за патријарх Цариградски. Никако не сакаше да го прими тој чин, но му беше заповедано со некое небесно видение, па затоа прими. До својата смрт беше испосник, молитвеник и чудотворец. Се упокои во 595 година. По неговата смрт како единствена сопственост кај него најдоа една дрвена лажица, една ленена кошула и една стара облека. Прочуени се неговите списи за покајанието и за исповедта.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
12
стар
стил
Април
25
Април
нов
стил
Чет., Велик Пост. Строг пост.
Преп. Василиј исп., еп. Париски (754); Свмч. Зинон, еп. Вероникијски (260)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Нема друг Христос или друга вистина... Како што волната може да се обои, но останува волна, така и вистината се изразува со зборовите на различни родови и генерации, но во суштината своја, останува иста, зашто по својата природа таа е една. Вистината сама по себе е неразделна, а се разделува само во устата на дрските мудрувачи.

Преп. Ефрем Сирин

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк