Православен календар

Црковна нова година – почеток на индиктот

1 септември (по стар стил)

Во времето кога се празнуваше Новата година во Јудеја и по целата вселена, нашиот Господ Исус Христос дојде во Назарет, каде што порасна. Тоа беше во сабота, а во тој ден Евреите имаа обичај да се собираат во синагогата и да го поминуваат времето во читање на пророчките книги. Господ, „по Својот обичај“, исто така влезе во синагогата и застана меѓу учителите. Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија и Тој, откако ја отвори книгата, го најде местото каде што е напишано: „Духот Господов е врз Мене, зашто Господ Ме помаза да им благовестам на бедните, Ме испрати да ги исцелувам скрушените по срце, да им проповедам на заробените ослободување и на затворениците отворање на темницата, да ја проповедам благопријатната година Господова“. И, откако ја затвори книгата и му ја предаде на служителот, Тој почна да кажува дека прочитаното пророштво се исполни во Него, дека Тој е вистинскиот Месија, испратен од Бог Отецот за спасение на луѓето и обновување на нивниот живот. „И сите Му посведочија, и се восхитуваа на благодатните зборови што излегуваа од устата Негова“. Овој празник е востановен на Првиот вселенски собор во Никеја, во 325 година, во времето кога светиот цар Константин Велики, ја просветли вселената со светлината на побожноста, ги искорени идолските празнувања и ја ослободи Христовата вера од тешките прогони. Тогаш светите отци одредија да се празнува Новата година како почеток на христијанската слобода, во спомен на Христовото посетување на еврејската синагога на овој ден и на Неговото проповедање за благопријатната Господова година. А ова веќе не е празник на Стариот Завет, туку на новата благодат, на Новиот Завет. Со зборот индикт се означува годишниот круг на богослужби, кој почнува на 1 септември.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Октомври
18
Октомври
нов
стил
Недела. Не се пости.
Мц. Харитина (304); Св. Петар, Алексеј, Јона, Филип, Ермоген и Тихон Моск.
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Смирението се состои во тоа во никој случај да не се сметаш себеси за нешто, во сè да ја отсекуваш својата волја, на сите да им се покоруваш и без вознемирување да го поднесуваш тоа што ќе ти дојде однадвор. Такво е вистинското смирение во кое нема место за суетата. Смирениот не треба да се труди да го покажува своето смирение со зборови, а исто така не треба намерно да прави ниски дела - бидејќи и едното и другото водат кон суета, му пречат на успехот и причинуваат повеќе штета отколку полза. Но, кога нешто ќе му заповедаат не треба да противречи, туку да го исполни тоа со послушание, и тоа е она што води кон успех и во вистинско смирение.

Преп. Јован Пророк
Раководство, 275

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк