Православен календар

Собор на сите српски просветители и учители

30 август (по стар стил)

Овој ден не се споменуваат сите српски светители воопшто, туку само неколкумина архиепископи и патријарси - просветители, и тоа: свети Сава, првиот српски архиепископ, наречен рамноапостолен; Арсениј, наследник на свети Сава, голем архиереј и чудотворец; Сава II, син на првовенчаниот крал Стефан, живееше во Ерусалим подолго време, за него се вели дека беше „сличен на Мојсеј во кротоста“; Никодим, се подвизуваше на Света Гора и беше игумен на манастирот Хиландар, потоа архиепископ на сите српски и поморски земји; Јоаникиј, најпрво архиепископ, а од 1346 година патријарх; Ефрем, подвижник, наспроти сопствената волја избран за патријарх во времето на кнезот Лазар во 1376 година, го круниса Лазар, а потоа се откажа од патријаршискиот престол и се повлече во подвиг на осамеништво; Спиридон, наследник на Ефрем, се упокои во 1388 година; Макариј, обнови многубројни стари манастири, печатеше црковни книги во Скадар, Венеција, Белград и на други места, ја подигна прочуената трпезарија при пеќскиот манастир и многу стори за унапредување на Црквата со помош на својот брат, великиот везир Мехмед Соколовиќ, се упокои во 1574 година; Гаврил, по потекло благородник од Рајиќ, учествуваше на Московскиот Собор при патријархот Никон, заради што Турците го измачуваа како предавник и на крајот го обесија, во 1656 година. Освен овие се спомнуваат уште Евстатиј, Јаков, Даниил, Сава III, Григориј, Јован, Максим и Никон. Многумина од нив се подвизуваа на Света Гора, но сите беа „раби блази и вјерни, добри же дјелателие винограда Господња“ (раби благи и верни, добри трудбеници на лозјето Господово).

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Мај
15
Мај
нов
стил
Петок. Пост.
Св. Атанасиј Велики, архиеп. Александриски (373); Св. Борис-Михаил Бугарски (907)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Најлош вид на грев е да не признаваш дека си грешен.

Св. Кесариј Арлски
Коментари на 1Јн. 1,8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк