Православен календар

Светиот маченик Андреј Стратилат

19 август (по стар стил)

Беше офицер-трибун во римската војска во времето на царот Максимијан. Роден е во Сирија и таму беше на служба. Кога Персијците го загрозија со војска римското царување, на Андреј му беше доверена војска во борба против непријателите. Во таа прилика, го произведоа за војвода, односно стратилат. Бидејќи беше потаен христијанин, иако уште некрстен, Андреј се понадева во живиот Бог, па од мнозинството војници ги избра само најдобрите и со нив појде во битка. Пред битката им рече на своите војници дека ако сите Го повикуваат на помош единствениот вистински Бог Господ Исус Христос, нивните непријатели како прав ќе се распрснат пред нив. И навистина, сите војници вдахновени од Андреј и од неговата вера Го повикаа на помош Христа и извршија јуриш. Персиската војска беше наполно сотрена. Кога победоносниот Андреј се врати во Антиохија, некои завидливци го обвинија дека е христијанин и царскиот намесник го повика на суд. Андреј отворено ја изјави својата непоколеблива вера во Христа. По тешки измачувања намесникот го фрли во затвор и му пиша на царот во Рим. Знаејќи го угледот што го имаше Андреј кај народот и кај војската, царот му нареди на намесникот да го пушти на слобода, но да демне друга прилика и друга причина за да го убие. Во откровение од Бога Андреј дозна за таа царска наредба, па ги зеде со себе сите свои верни војници, две илјади петстотини деведесет и тројца на број, отиде со нив во Тарс Киликиски и таму се крстија сите од раката на епископот Петар. И овде прогонуван од царските власти, со својата дружина Андреј се повлече далеку во ерменската планина Таврос. Таму, во некој теснец, додека сите беа на молитва, пристигна римска војска и ги закла сите до еден. Никој од нив не сакаше да се брани, а сите беа желни за маченичка смрт за Христа. На тоа место каде се излеа потокот од маченичка крв, изби извор со лековита вода, којашто исцелуваше од секакви болести. Епископот Петар дојде потајно со свои луѓе и чесно ги погреба телата на мачениците на она место. Сите чесно пострадаа и стекнаа венци на бесмртна слава во царството на Господ Христос.

Сподели на твитер
днсАприл 2025
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Април
26
Април
нов
стил
Саб., Светла седм. Не се пости.
Свмч. Артемон, презв. Лаодикијски (303)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не посакувај да слушаш за несреќата на твоите непријатели. Бидејќи оние кои слушаат такви зборови, потоа ги жнеат плодовите од своите желби.

Преп. Марко Подвижник. 2. 173.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк