Светата маченичка Агатоклија
17 септември (по стар стил)
Им беше слугинка на извесни Никола и Павлина, коишто најпрво беа христијани, но го оставија христијанството и повторно им се вратија на идолите. Агатоклија не сакаше да го следи примерот на своите господари, па затоа беше луто мачена и од нив и од судијата. Најпосле, нејзината госпоѓа ја умртви фрлајќи ѝ оган на вратот. Но, Бог ја прослави Својата слугинка во Своето Небесно Царство.