Свети Висарион II, Архиепископ Лариски

15 септември (по стар стил)

Свети Висарион живееше во првата половина на шеснаесеттиот век. Се роди од побожни родители во селото Велика Пила, во Тесалиjа. Од раната младост го изучуваше писмото, а од десет години го возљуби монашкиот живот. Негов духовен отец беше Митрополитот лариски Марко, со кого помина добар дел од својот живот, кој го произведе најнапред за чтец, потоа за ипоѓакон, го ракоположи за ѓакон, па за јереј, и најпосле го хиротониса за Епископ лариски. Свети Висарион многу се грижеше за сиромашните и за оние што страдаат и боледуваат. На бедните им служеше, а болните со молитва и слово ги исцелуваше. Беше голем чудотворец за време на животот и после упокојувањето. Го основа прекрасниот и познат манастир „Христос Спасител“ во Лариската епархија, познат како Дусик. Мудро и богољубиво управувајќи со своето паство, блажениот Висарион се пресели кај Господа кога имаше над педесет години од животот (околу 1541 или 1550 година), и беше погребан во црквата Свети Никола, близу манастирот Дусик.