Светиот маченик Порфириј

15 септември (по стар стил)

Родум од Мимос, актер. Најпрво пред царот Јулијан Отстапник ги исмеваше христијаните. Така, еднаш, исмевајќи ја христијанската тајна на Крштението, на сцената се потопи себеси во вода, изговарајќи ги зборовите: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!“ Кога излезе од водата извика: „Сега сум христијанин!“ Сите мислеа дека се шегува како глумец, како и секогаш, но тој остана на своето, престана да ги исмева христијаните и најпосле пострада за Христа. Обезглавен во 361 година, се пресели во Царството Небесно.