Светата царица Плакила

14 септември (по стар стил)

Сопруга на царот Теодосиј Велики. Беше вистинска христијанка и според умот и според делата. Особено ја украсуваше помагањето на бедните и болни луѓе. Кога некои ѝ велеа дека тоа не се совпаѓа со царското достоинство, таа одговараше: „На царскиот чин му прилега да помага со пари; а моите лични трудови околу ништите, Му ги оддавам на Оној што благоизволи да ми го даде тој чин.“ Се упокои мирно во 400 година.