Светата маченичка Кетевана
13 септември (по стар стил)
Царица Кехетинска. Пострада како христијанка од шахот Абас I, во 1624 година. На заповед на шахот, на главата ѝ ставија усвитен котел. Нејзиниот син Тејмураз, цар грузиски, ги положи нејзините мошти под престолот на храмот Аливердски, во Грузија.