Свети Силуан Атонски

11 септември (по стар стил)

Роден во 1866 година во Тамбовската губернија во Русија. На 27 годишна возраст отиде на Света Гора, каде што се замонаши во манастирот „Свети Пантелејмон“. Бивајќи ревносен подвижник, мошне рано се стекна со благодатниот дар на непрекината молитва, откако имаше видение на Христа. После долги години на духовна борба, стекна големо смирение и внатрешен мир. Се молеше и плачеше за целиот свет како за самиот себеси, и како најголема вредност ја сметаше љубовта кон непријателите. Иако беше скоро без никакво образование, многумина теолози, епископи и духовници доаѓаа да побараат совет од него. Неговите записи се објавени во книгата „Старец Силуан“ која се смета за шести том на „Добротољубието“. Се упокои во 1938 година.