Свети Пафнутиј Исповедник
11 септември (по стар стил)
Епископ Таиски во Тиваида Египетска. За православната вера страдаше многу - еретиците му го избија едното око и му ја скршија левата нога. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор, со голема сила побивајќи ја Ариевата ерес. Царот Константин многу го ценеше и често го целиваше во избоденото око. На Соборот стана одлучно против западните претставници коишто предлагаа на мирските свештеници наполно да им се забрани брак. Целиот свој живот беше девствен.