Преподобен Макариј оптински

15 мај (по стар стил)

Макариј (Иванов), јеромонах, (1788-1860) – ученик и соподвижник на старецот Лав, по чија смрт остана духовно да раководи со манастирот. Главната добродетел на која ги воспитуваше луѓето беше смирението, кое го сметаше за основа на христијанскиот живот. Го започна изданието на светоотечките списи на руски јазик, дело што ги обедини најдобрите духовни и интелектуални сили во Русија. Со старецот се среќаваше и писателот Н. В. Гогољ.