Светиот маченик Евпсихиј

7 септември (по стар стил)

Син на сенаторот Дионисиј. Беше жестоко мачен за Христа, со биење и стружење, па потоа полумртов фрлен во затвор. Му се јави Ангел Божји и го исцели. Штом беше пуштен од затвор, тој го раздаде сиот свој имот: нешто на сиромасите, а нешто на своите клеветници. Повторно го фатија и го стружеа додека не Му ја предаде својата душа на Господа. Од неговите рани наместо крв потече млеко и вода. Пострада во времето на царот Адријан.