Светите апостоли Евод и Онисифор

7 септември (по стар стил)

Овие беа апостоли од седумдесетте. Евод е спомнат од свети Игнатиј во своето Послание до Антиохијците со голема пофалба. Евод му беше ученик на светиот апостол Петар и негов наследник во чинот епископ Антиохиски. Тој напиша дело за Пресвета Богородица, во кое изложува како Светата Дева е воведена на нејзината тригодишна возраст во храмот; како остана во храмот единаесет години; како кога влезе во петнаесеттата година му беше предадена на светиот Јосиф за да ја чува и како во петнаесеттата година Го роди Господа. Напиша и едно друго дело, под наслов „Светило“. Но, обете овие дела во времето на гонењето на христијаните беа уништени. Убиен е за Христа во времето на управувањето на царот Веспазијан во Антиохија. Светиот апостол Павле го спомнува свети Онисифор како свој искрен пријател и помошник (2Тим. 1,16-18). Пострада за Христа во Колофон, каде што беше епископ. Велат дека го врзале за коњи и така го растргнале. Овие верни Христови војници чесно пострадаа и се преселија во радоста на својот Господ.