Преподобен Давид

6 септември (по стар стил)

Беше разбојнички водач околу Хермопол во Египет и дури на постари години си дојде на себеси, се покаја и се замонаши. Нему му се јави светиот Архангел Гавриил, кој му даде сила на чудотворство. Се упокои мирно во 6 век, откако со голем подвиг се удостои со Царството Божјо.