Преподобен Пимен Палестински
27 август (по стар стил)
Се подвизуваше во Рува, пустината палестинска, во времето на царот Маврикиј (582–602). Во младоста беше овчар. Еднаш неговите кучиња нападнаа некој човек и го растргнаа, а тој од палавост не го одбрани човекот. Затоа и му беше откриено дека на крајот самиот ќе загине од ѕверови. Така и беше. Душата ја предаде изеден од ѕверовите.