Свети Мина, патријарх Цариградски

25 август (по стар стил)

Мудро управуваше со Црквата од 536 до 552 година. Претходно управуваше со домот за бедни и неволни на свети Сампсон. При неговата хиротонија за епископ учествуваше и папата Агапит, којшто тогаш дојде во Цариград за побивање и симнување на патријархот Антим.