Светиот свештеномаченик Филип, епископ Ираклиски, со свештеникот Север и ѓаконот Хермес

20 август (по стар стил)

Се мисли дека биле Словени. Му служеа на Бога во Тракија, каде беа предадени на маки. Кога незнабошците јурнаа да ја запалат христијанската црква, Филип храбро му рече на нивниот старешина: „Мислиш дека Бог е затворен во карпите? Он живее во срцата“. Храмот го разорија, а книгите ги запалија и овие свештеници ги одведоа во Едрене, каде што после робија и маки беа исфрлени полуизгорени во реката Марица. Со нив загинаа маченички уште триесет и осуммина христијани. По сè изгледа ова се случи во времето на Диоклецијан.