Преподобниот новомаченик Макариј
6 октомври (по стар стил)
Роден е во местото Кион во Витинија од христијански родители, Петар и Антуса, а крстен е со името Мануил. Родителите го дадоа да учи кројачки занает. Потоа, татко му се потурчи и се пресели во Бурса. Кога еднаш Мануил појде во Бурса по работа, наиде на татко му, којшто навали на сила да го потурчува. Мануил попусто се противеше: Турците насила го обрезаа. Тогаш тој побегна на Света Гора и се замонаши во скитот на Света Ана и се нарече Макариј. Дванаесет години беше извонреден монах, но никако немаше душевен мир. „Ако некој се одрече од Мене пред луѓето и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец“ (Матеј 10, 33) - тие Христови зборови непрестајно му зуеја во ушите на Макариј. Затоа реши и со благослов на својот старец отиде во Бурса и јавно пред Турците ја исповеда својата вера во Христа, нарекувајќи го Мухамед лажен пророк. Го биеја сто и триесет дена подложен на тешки маки и на крајот го убија со меч во Бурса на 6 октомври, 1590 година. Еден дел од неговите чудотворни мошти се чува во скитот на Света Ана, на Атон.