Преподобен Дионисиј Печерски

3 октомври (по стар стил)

Јеромонах и затворник. На Воскресение во 1463 година кај него се случи ваков настан: со крстот и кадилницата тој ги обиколуваше пештерите за да ги покади моштите и гробовите на упокоените светии; преисполнет со воскресна радост влегувајќи во една пештера возвикна: „Христос воскресе!“ и во тој миг од гробовите екна глас силен како гром: „Воистину воскресе!“