Преподобен Роман Слаткопевец

1 октомври (по стар стил)

Родум од сирискиот град Емес. Служеше како еклисијарх најпрво во Бејрут, а потоа во соборната црква во Цариград, во времето на патријархот Ефтимиј (490-504). Беше неписмен и невешт во пеењето, заради што некои клирици му се потсмеваа. Свети Роман плачејќи ѝ се молеше на Пресвета Богородица и таа му се јави во сон, му пружи некој голем свиок хартија и му рече да го проголта. Утредента осамна Божик и Роман излезе на амвонот и со ангелски глас испеа „Дева днес...“ Сите беа восхитени од содржината на песната и од гласот на певецот. Откако го прими од Пресвета Богородица поетскиот дар, Роман испеа над илјада кондаци. Како ѓакон на големата црква се упокои во 510 година во Цариград и се пресели меѓу ангелските хорови.