Светиот апостол Ананија

1 октомври (по стар стил)

Еден од Седумдесетте. Беше епископ во Дамаск. Според едно Божјо јавување (Дела 9), тој го крсти новодојдениот Савле, којшто го доби името Павле. И покрај сите гонења, храбро го проповедаше Евангелието, заради што го каменуваа во градот Елефтеропол. Неговите свети мошти ги пренесоа во Дамаск, а подоцна во Цариград.