Свети Теофан Милостив

29 септември (по стар стил)

Богат граѓанин од Газа. Беше толку милостив, што раздавајќи им го својот имот на ништите и самиот стана таков. Пред крајот на животот го нападна водена болест и во таа болест тој издивна. Но, од неговото тело потече целебно миро, од коешто болните се исцелуваа.