Светиот пророк Варух
28 септември (по стар стил)
Ученик и верен пријател на великиот пророк Јеремија. Им го прорече на Евреите враќањето од вавилонското ропство, потоа пропаста на Вавилон и доаѓањето на Божјиот Син на земјата. Се мисли дека е убиен од Евреите во Египет како што заврши и пророкот Јеремија, во 7 век пред Христа.