Светиот кнез Михаил и Теодор бојаринот

20 септември (по стар стил)

Черниговскиот кнез Михаил отиде во татарската орда со својот бојарин Теодор на повик од царот Бати. Но, бидејќи не сакаа според татарскиот обичај да поминат низ оган и да им се поклонат на идолите при влезот кај царот, ги убија со меч, во 1244 година. Нивните мошти сведочат за нивната маченичка смрт заради Господа Христа и почиваат во Архангелскиот храм во Москва.