Свети Марин Тарсиски

17 октомври (по стар стил)

Светиот Марин старец е роден во Тарс Киликиски и живееше во времето на прогонот на императорот Диоклецијан (284-304). Бидејќи беше христијанин, беше фатен и изведен пред началникот на местото Лисија којшто не можеше да го врати Марин назад во идолопоклонството. Откако претрпе големи мачења, светиот Марин на крај беше обезглавен.