Благоверен кнез Олег Брјански, во монаштво Василиј

20 септември (по стар стил)

Светиот благоверен кнез, Олег Романович Брјански беше внук на светиот маченик, кнезот Михаил Черниговски. Од летописите е познато дека благоверниот кнез Олег во 1274 година заедно со својот татко, Роман Брјански, учествувал во војната против Литванија. По 1274 година, тој го остави владеењето и прими монашки потстриг со името Василиј, во Брјанскиот Петропавловски манастир, кој беше изграден со негови средства. Во тој манастир, благоверниот кнез го заврши својот живот, околу 1285 година. Како монах, се одликуваше со мошне строг подвижнички живот. Погребан е во манастирскиот храм.