Светите апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артема

30 октомври (по стар стил)

Од Седумдесетте. На Клеопа му се јави воскреснатиот Господ на патот за Емаус. Терциј го запиша посланието на светиот апостол Павле до Римјаните (Рим. 16, 22) и заврши маченички како епископ Икониски, после апостолот Сосипатар (се слави на 10 ноември). Свети Марко, наречен Јован (Дела 12, 12), е син на благочестивата Марија, чијшто дом им беше засолниште на апостолите и на првите христијани. Тој е и роднина на Варнава. Беше епископ во самарискиот град Аполонијада. Јуст му е син на праведниот Јосиф. Заедно со Матиј беше предложен на местото на Јуда Искариот, но не беше избран. Како епископ пострада за Евангелието во Елефтеропол. Свети Артема беше епископ во Листра Ликаонска, а се упокои мирно.