Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Пeтавски

2 ноември (по стар стил)

Епископ на Петавиј, денешен Птуј во Словенија. Многумина мислат дека по потекло бил Словен. Блажениот Јероним го истакнува како маж учен и благочестив. Знаеше подобро грчки одошто латински. Напиша толкувања на неколку книги на Стариот и Новиот Завет. Пострада за верата Христова, околу 303 година.