Светиот маченик Никола Хиоски

31 октомври (по стар стил)

Побожно момче и голем ревнител за Христовата вера. Роден е во селото Киријах на островот Хиос, каде што беше мачен од Турците и на крај го заклаа, во 1754 година, кога Му ја предаде својата света душа на Бога.