Свети Димитриј, епископ Ростовски

28 октомври (по стар стил)

Голем јерарх, проповедник, писател и подвижник. Се роди близу Киев, во 1651 година, а се упокои на молитва, во 1709 година. Покрај многуте славни поучни дела особено се прочу со преводот и изданието на Житијата на Светиите. Ја предвиде својата смрт три дена порано и се упокои на молитва. Големо светило на Руската Црква, односно на Православната Црква воопшто. Имаше небесни виденија за време на животот. Му послужи ревносно на Господа и се пресели во Небесното Царство.