Света Тавита

25 октомври (по стар стил)

Тавита (што значи срна) беше апостолска ученичка и живееше во Јопа, сегашна Јафа. Беше исполнета со добри дела и милостина (Дела 9, 36). Но, ненадејно се разболе и умре. Ужалените ученици испратија по Петар, молејќи го да дојде и да ги утеши роднините. Кога дојде, големиот Христов апостол им нареди на сите да излезат од собата каде што лежеше покојната, та клекна на молитва. Кога ја заврши молитвата извика кон мртвото тело: „Тавито, стани!“ И Тавита ги отвори очите и стана. Поведени од овој чудесен настан, многумина поверуваа во Господ Исус Христос.