Светиот маченик Анастасиј

25 октомври (по стар стил)

Беше валар на платно и ревносен Христијанин. Во времето на прогонот на Христијаните од царот Диоклецијан овој Божји човек самиот му се јави на судијата мачител, во Далматинскиот град Солин, и ја исповеда својата вера во Христа. Нечовечно го мачеа пред да го убијат. Телото му го фрлија во морето, но потоа беше извадено и погребано чесно.