Празник на иконата на Божјата Мајка „Радост на сите тажни“

24 октомври (по стар стил)

Вака се нарекува една чудотворна икона на Пресвета Богородица. Се празнува по повод чудесното исцеление на Ефтимија, сестра на патријархот Јоаким, коешто се случи во 1668 година во Москва. Ефтимија имаше тешка рана на колкот, па бидејќи лекарите не можеа да ја излечат, таа падна да ѝ се моли со плач на Пресвета Богородица. И слушна глас: „Ефтимија, оди во храмот на Преображението на мојот Син; таму е иконата „Радост на сите тажни“. Свештеникот нека се помоли пред таа икона и ќе оздравиш.“ Ефтимија направи така и веднаш стана наполно здрава.