Свети Елезвој, цар Етиопски

24 октомври (по стар стил)

Распален со ревност за Христовата верa, овој благочестив цар крена војска против кнезот Дунаан, свирепиот мачител на христијаните во земјата Омиритска. Но, во почетокот на војната немаше успех и многу од неговата војска пропадна во пустината. Тогаш тој горко плачеше пред Бога и вети дека ако Бог му помогне да го победи христијанскиот крвник тој ќе се замонаши. Откако го победи Дунаан, Елезвој се врати во Етиопија и веднаш го напушти царскиот дворец и стапи во манастир. Таму се подвизуваше како вистински монах цели петнаесет години. Бог му подари благодат на чудотворство пред и после смртта. Се упокои во 555 година.