Спомен на чудотворното избавување на Москва од Пољаците со помош на Пресвета Богородица

22 октомври (по стар стил)

Во времето на кнезот Василиј Јованович, Пољаците ја беа зазеле Москва и Русите паднаа во големо очајание. Тогаш свети Сергиј Радоњежски му се јави на еден заробен епископ, по име Арсениј, и му вети дека Москва ќе биде очистена од Пољаците со силата и молитвата на Пресвета Богородица. И навистина, утредента Пољаците побегнаа од градот, а руската војска влезе во Москва. И сиот народ со радосни солзи ги прослави Бога и Пресвета Богородица.