Преподобниот маченик Игнатиј

20 октомври (по стар стил)

Од Стара Загора во Бугарија, од онаа славна Загора којашто на Црквата Божја ѝ даде многубројни свети подвижници и маченици. Се подвизуваше во Скитот Свети Јован Претеча на Атон. Доброволно им се предаде на Турците на мачење заради Христа. Го обесија во Цариград, на 8 октомври 1814 година. Моштите му се чудотворни. Неговата глава се чува чесно во манастирот Свети Пантелејмон.